Мбапе наградата за најдобар млад играч ја прослави на свој начин: Младиот Французин има нов имиџ (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе синоќа презентираше нов имиџ.

Фантастичниот француски фудбалер во понеделникот ја освои наградата за најдобар млад играч на годината, а истата очигледно одлучи да ја прослави со нов имиџ.

Во текот на средбата против Стразбург, Мбапе се појави со иста фризура, но со нова боја на косата – сребрена.

Сепак, новиот имиџ нему и на ПСЖ не им донесе многу среќа, со оглед на тоа дека одиграа само 1:1 на гостувањето.