Суарез најави трансфер надвор од Барселона и го стави Челси на готовс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Денис Суарез зборуваше за медиумите веднаш по натпреварот од Копа Дел Реј против Леонеса во која играчот доби ретка можност да се докаже.

На истиот Суарез постигна два погодоци, а во изјава за медиумите  најави дека би можел да замине од клубот.

„Работам за да играм и да имам минути зад моето име, па доколку не играм…ќе видиме. Сакам да играм, денес се чувствував добро, лесно. Сакам да играм што е можно повеќе“- коментираше Суарез.

Инаку Денис Суарез е посочен како трансфер цел на Челси и клубот од Лондон би можел да се обиде да го донесе во своите редови уште во јануарскиот преоден рок.