Баерн не се шегува: Кризата ќе ја решава со двајца играчи вредни 150 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По неколку турбулентни недели во кои се редеа само лоши резултати, Нико Ковач конечно живее помирни денови на клупата на Баварците. Хрватот полека ја склопува трансфер листата која ќе ја предаде на Хасан Салихамиџиќ кој ќе треба да донесе неколку фудбалери на „Алијанц Арена“.

Заминување од Минхен дефинитивно најави Арјен Робен, а неговиот пример веројатно ќе го следи и Френк Рибери.

Токму затоа, од Баерн Минхен ќе се обидат да донесат нивни адекватни замени. Медиумите во Германија пренесуваат дека Баварците ќе се обидат да ги доенсат Френки де Јонг и Матијс Де Лигт, двајцата најбарани млади фудбалери во Европа.

За фудбалерите на Ајакс од Минхен се подготвени да издвојат цели 150 милиони евра.