Реал Мадрид лесно се справи со Мелила

0

Фудбалерите на Реал Мадрид очекувано лесно со 6:1 го декласираа тимот на Мелила и обезбедија пласман во наредната фаза од Купот на кралот.

„Кралскиот клуб“ до пласманот во осминафиналето стигна со вкупен резултат од 10:1 затоа што во првиот натпревар славеше со 4:0.

Реал убедливиот триумф го обезбеди уште во првото полувреме кога постигна три гола за седум минути.  Асенсио погоди прв во 33. минута за водство од 1:0, а само две минути подоцна го постигна и вториот погодок на натпреварот. На 3:0 веќе во 39. минута зголеми младиот Хавиер Санчез.

По само две минути игра во вториот дел Иско постигна погодок за 4:0, а до крајот на натпреварот шпанскиот репрезентативец постигна уште еден гол, а еден погодок даде и Винисиус Жуниор.

Мелила постигна утешителен погодок преку Касми во 81. минута од средбата, а голот беше постигнат од белата точка.

Advertisements
Share.