Поранешен италијански селектор ќе му биде нов тренер на Пандев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели, од денеска е нов тренер на Џенова, откако вчера отказ си даде Иван Јуриќ.

Прандели денеска беше претставен во новиот клуб, а веднаш кажа дека е возбуден поради новиот предизвик.

„Мотивиран сум и едвај чекам да почнеме со тренинзите и натпреварите“, кажа Прандели.

Инаку, експертот во текот на кариерата ги предводеше Парма, Рома, Фиорентина, Италија, Валенсија и Галатасарај.