Скандал по скандал: Новинар кој го дал својот глас за Модриќ, НЕ ПОСТОИ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Порталот Албадакомерс.ком, е изгасен пред шест години, а човекот под тоа име не може да се пронајде, пишува Франс Фудбал.

Не стивнува бурата околу изборот на Лука Модриќ за најдобатр фудбалер на светот за 2018. година.

Француските медиуми откриваат дека резултатите од гласањето за доделувањето на престижната награда „Златна топка“, всушност се наместени.

Не можат Французите да прежалат зошто Мбапе или Гризман не се на местото на фантастичниот Хрват, кој со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, додека со репрезентацијата на својата земја стигна до финалето на СП, каде беа поразени од Триколорите.

Освојувачот на сребрениот медал на Мундијалот во Русија имаше извонредна сезона, но многумина се обидуваат да го оспорат успехот на Модриќ.

Заговорот добива и нови насоки. Се испостави имено, дека еден новинат кој помеѓу останатите му дал глас на Модриќ воопшто и не постои.

Во овој случај и тоа како се занимаваат француските медиуми бидејќи и натаму не можат да разберат дека за најдобар на планетата не е прогласен нивниот репрезентативец. Се вели дека извесен Абду Боина, претставник на Коморските Острови, кој гласал за Модриќ, не постои.