Легендарниот Роналдо објасни зошто Лука Модриќ вистински ја заслужил „Златната топка“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако Роналдо му честиташе на Лука Модриќ за „Златната топка“ од Франс Фудбал, се јави и неговиот сонародник Роналдо Назарио со коментар на истата тема.

За италијанска Газета дело Спорт истакна зошто смета дека Модриќ ја заслужил престижната награда која во кариерата на двапати ја освои.

„Златната топка во многу наврати зависи од резултатите на Светското првенство. Во Русија, Хрватска на Модриќ стигна до финалето за разлика од Португалија. Јас „Златната топка“ во 2002. година ја освоив благодарение на Мундијалот, но затоа таа од 1997. година кај мене има поголемо значење. Тогаш нешто освоив со Барселона, но сметав дека тоа признание повеќе е лично“, смета Роналдо.

Често навивачите на Бразилците го нарекуваат „вистинскиот Роналдо“, па на тоа остана скромен:

„Да, тоа ме забавува, но нема никаква смисла. CR7 и јас сме потполно различни. Девет години се разлика во однос помеѓу периодот кога играв во Италија и Кристијано. Фудбалот се промени и се е побрзо. Јас во Италија стигнав како 20-годишник кој се уште мораше да се докажува, а Роналдо дојде со 33 години како голем шампион“.