Гвардиола полуде за него, а сега го добија Римјаните?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Го загуби своето место во стартната постава, па наскоро би можел да го напушти клубот.

Борусија Дортмунф доби многу со пристигнувањето на Лусијен Фавр.

Французинот успеа да ги донесе „Милионерите“ до лидерската позиција во Бундеслигата пред зимската шауза, но и да обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Многумина во Дортмунд се радуваат поради неговиот аранжман, но не и Џулијан Вајгл.

Играчот за врска во еден момент беше најбаран играч за врска во Европа, толку што се зборуваше дека Пеп Гвардиола ќе го донесе во Сити за голема сума на пари.

Сега 23-годишниот Вајгл го загуби местото во поставата на Дортмунд и Билд јавува дека наскоро би можел да го напушти клубот.

Рома е заинтересирана за неговите услуги, но со задоволство би го испратила на позајмица на година и половина со опција да го откупи потоа.

На Вајгл договорот му истекува летото 2021. година, па Германците би можеле да размислат за оваа опција за да го ослободат просторот за засилувања доколку тоа биде неопходно.