Срамно однесување на навивачите на Интер – уништен дел од стадионот на Јуве!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус синоќа пред своите навивачи во големо дерби го победија Интер со 1-0 во рамки на 15. коло од италијанската Серија А.

„Старата дама“ уште еднаш покажа кој е главен во Италија, а во најголемото италијанско дерби „падна“ Интер, откако стрелец за Јувентус беше Марио Манџукиќ.

Но, имаше и проблеми синоќа во Торино и тоа поради навивачите на Интер, кои по дуелот почнале да ги кршат столчињата на делот од трибините, каде што се наоѓале, но вистински шок се создал кога редарите влегле по нив.

Навивачите на Интер на дуелот целосно ги уништиле и тоалетите и на таков начин сакале да го покажат својот бес поради поразот на својот клуб. Но, сигурно таквото однесување не е прифатливо, па постои можност управата на „нераѕурите“ да треба да ја плати штетата на своите навивачи.