Трајковски и Несторовски го однесоа Палермо до нов триумф! (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Палермо конечно победи по два нерешени натпревари во Серија Б, па денеска триумфираа против Падова со 3-1.

Палермо губеше со 0-1, но потоа проработеа Илија Несторовски и Александар Трајковски, па Палермо стигна до пресврт.

Трајковски погоди за 1-1, Рајковиќ стрелаше за 2-1, а Несторовски ги постави конечните 3-1.

Па, во моментов Палермо е на прво место со 29 бода по 14 натпревари и ја продолжуваат жестоката борба за пласман во Серија А.