Неверојатниот Лука Дончиќ сам приреди сензација победувајќи го тимот на Хјустон (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипите на Далас и Хјустон одиграа одличен натпревар доцна синоќа, а на крајот победа славеше тимот на Далас Маверикс кој до истата стигна на неверојатен начин.

Хјустон практично имаше добиен натпревар и водеше со осум разлика на само три минути до крајот. Но, тогаш на сцена стапи Лука Дончиќ кој ги зеде работите во свои раце и сам направи серија од 11:0 за Далас, со што се искупи за лошата игра во поголемиот дел од натпреварот.

Пред тој момент Словенецот имаше лош учинок со десет промашени удари и само три реализирани.

На крај Дончиќ со 21 поен беше најефикасен, а исто толку постигна и Весели Метјуз, додека кај Хјустон, Џејмс Харден беше најпрецизен со 35 поени.