Роналдо го предизвика Меси: Ајде дојди во Серија А, сите знаеме дека ти недостигам!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо имаше интересна изјава за италијанските медиуми и откри дека не му недостига Шпанија, но имаше и покака до ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

Роналдо по девет сезони во Реал Мадрид, летоска реши да се пресели во Јувентус, каде што почна да руши рекорди.

„Тутоспорт“ пишува дека Роналдо признал дека не му недостига шпанската Ла Лига, а исто така ниту Меси, за кого имал порака и нов предизвик.

„Не ми недостига Меси на мене, туку јас на него му недостигам. Би сакал еден ден да го прифати предизвикот и да дојде во Италија, како што направив јас. Но, доколку е среќен во Барселона, тогаш мора да ја почитуваме неговата желба“, кажа Португалецот.