Милан договори засилување – денеска ќе се реализираат и медицинските прегледи (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан вчера одигра 0-0 против Торино и така пропушти шанса да му се доближи на Интер на третата позиција во италијанската Серија А, но и покрај тоа, тие веќе размислуваат за нови засилувања.

Како што се најавуваше во претходниот период, Лукас Пакета конечно стигна во Милано, а денеска ќе има и медицински прегледи.

Фудбалерот во минатото настапуваше за Фламенго, а веќе се прости и со своите поранешни соиграчи во Бразил и од јануари ќе настапува за „росонерите“.

Милан, инаку, за неговиот потпис плати 35 милиони евра, па во следниот период ќе се обиде да донесе уште неколку квалитетни засилувања.