Има само 22 години, игра за Баерн и го сметаат за наследник на Рибери, а тој најави – пензија!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Навивачите на Баерн Минхен беа шокирани, откако Кингсли Коман поради големи проблеми со повреди кажа дека можеби ќе ја заврши кариерата.

Коман се појави како тинејџер додека настапуваше за ПСЖ и Јувентус, а пред неколку години пристигна во Минхен. Во германскиот клуб брзо се избори за место во првиот тим и навивачите го прогласија за наследник на Франк Рибери.

Сепак, во претходните неколку месеци Коман речиси не играше поради тешките повреди и големи проблеми со зглобот на десната нога.

„Не сакам и не можам да прифатам уште една операција. Можеби моето стапало не може да биде фудбалерско. Доколку се покаже така, тогаш ќе правам нешто друго во животот“, кажа Коман.