Робен ја носи најтешката одлука во кариерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот холандски фудбалер, Арјен Робен истакна дека би можел да се пензионира во јуни откако претходно потврди дека ќе си замине од Баерн Минхен штом неговиот договор истече следното лето.

Кога беше запрашан кои се неговите планови по крајот на сезоната, тој за „Кикер“ одговори дека се уште не е на чисто дали да се пензионира или да продолжи активно да игра.

„Тоа не е се уште јасно, можеби би прекинал да играм. Ќе почекам и ќе видам кои можности ги имам. Доколку пристигнат некои понуди, ќе ги разгледам  и доколку е нешто убаво, ќе продолжам да играм, но доколку нема идеални понуди, тогаш, тоа може да биде тоа.

Имам три деца и тие исто така мора да бидат среќни, па не е се само во понудите од Кина или местата во пустината. Семејството игра важна улога во секоја моја одлука“- истакна Робен.