Не знам што бараше Златан во Франција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Сент Етјен, Нолан Рах призна дека Златан Ибрахимовиќ беше предобар за француското првенство и дека не знае што шведскиот репрезентативец барал во Лига 1.

Ибрахимовиќ во четри сезони во ПСЖ освојуваше апсолутно се во Франција, а од ова лето е фудбалер на  Манчестер Јунајтед

Рах даде интересна изјава за Ибрахимовиќ.

“Штета што си отиде, но кога го видовме како игра, се запрашавме што бара ваков играч во Лига 1. Беше едно ниво над сите. Можеби изгледа арогантно, но тој е таков. Немаше решенија за него, бидејќи не е возможно да се чува”, изјави Рах.

Настапот за Јунајтед Ибра го почна со два гола во два меча.