Клоп побара посебна атмосфера на „Енфилд“ во најважниот натпревар во првиот дел од сезоната против Наполи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред натпреварот помеѓу Ливерпул и Наполи во 6. коло од Лигата на шампионите тренерот на „црвените“ најави дека на „Енфилд“ ќе мора да има посебна атмосфера за фудбалерите дополнително да се мотивираат.

Ливерпул мора да победи со два разлика за да се пласира во следната фаза од Лигата на шампионите.

„Знаеме дека во Наполи не бевме доволно добри. Ништо поинаку не беше ни во Белград, но во Париз имавме добар натпревар.  Ако ништо посебно не се случи со одлуките на судиите ќе го добиеме она што ќе го заслужиме. За да го обезбедиме тоа мора да бидеме одговорни и со нашата игра да ја свртиме ситуацијата во добра насока. Мора да направиме посебна атмосфера и истата да ја искористиме“ –коментираше Клоп.