Кари се посрамоти?! НАСА веднаш го повика на гости!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во светот, Стеф Кари, беше гостин во една емисија, во која тема беа кошаркарите.

Меѓутоа, се спомена и вселената, односно плејмејкерот на Голден Стејт доби прашање во студиото дали верува дека човекот стапнал на Месечината.

„Дали сме биле некогаш на Месечината?“, беше запрашан кошаркарот.

Гостите одговорија негативно, а еден од нив беше и Кари.

„И јас мислам дека човекот никогаш не бил на Месечината“, вели Кари.

На реакција не се чекаше долго, а реагираше НАСА, која го повика Кари да биде гостин во Џонсон Спејс центарот следен пат кога ќе биде во Хјустон.

Тие му понудија обиколка на американскиот вселенски центар за да може НБА-ѕвездата со свои очи да види докази дека човекот бил на Месечината.