Федерер носи важна одлука во кариерата: Збогувањето со тенисот е многу блиску!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот тенисер Роџер Федерер ќе мора да донесе одлука дали ќе продолжи или ќе заврши неговото занимавање со тенис.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња би можел на крајот на наредната сезона да ја заврши богатата кариера.

Голем број тениски експерти велат дека во наредните денови Швајцарецот ќе донесе одлука за својата иднина, како и дали по две години повторно ќе заигра на турнирите на земјена подлога.

Ако го потврди учеството на Ролан Гарос, тоа би можело да значи дека последенпат сака да игра на престижниот турнир и да се поздрави со публикат во Париз.

„Имам идеја како би можело тоа да изгледа. Но планирањето е како сложувалка, поради тоа мора детално да го разгледаме“, кажа Федерер.

Исто така, се шпекулира дека Федерер ќе се прости од тенисот во родниот Базел во октомври 2019 година.