Хуан Мата останува во Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалски интернационалец, Хуан Мата истакна дека е многу среќен во Манчестер Јунајтед алудирајќи на тоа дека сака да остане во клубот уште одреден период.

Актуелниот договор на Шпанецот истекува по крајот на сезоната, но веројатно ќе биде искористена опцијата за истиот да биде продолжен на дополнителна една сезона.

„Се што можам да кажам е тоа дека сум среќен во Манчестер и во Англија. Во Англија играм повеќе години и сум многу среќен што сум дел од овој неверојатен клуб, па да видиме што ќе се случи следните месеци. Во моментов сум многу, многу среќен овде“- коментираше Мата.