Рибери сака нов договор, но Салихамиџиќ има свои планови: Потребна е промена…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред околу една недела Арјен Робен истакна дека ова му е последна сезона во Баерн Минхен и дека од на лето ќе има нов клуб, а доколку не стигне добра понуда на негова адреса ќе ја разгледа опцијата и за пензионирање.

Медиумите во Германија пишуваат дека Френк Рибери сакал нов договор од Баерн Минхен, но спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ потврди дека 35 годишниот Французин веројатно ќе тргне по стапките на Робен.

„Веројатно ова ќе биде негова последна сезона во Баерн. Пред нас е година на промени, но секако ми е многу драго што Френк моментално игра многу добро. Тој е еден од нашите клучни играчи“- коментираше Салихамиџиќ.