Павард донел одлука, прави трансфер веќе во јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Бенјамин Павард нема уште долго да биде член на Штутгарт.

Угледниот Скај Спортс тврди дека членот на шампионската генерација на Франција од Мундијалот во Русија донел одлука да го напушти овој клуб веќе во јануари, а наводно е позната и неговата следна дестинација.

Тој за неколку седмици би требало да потпише за Баерн Минхен, со кој се поврзува уште од летото, после одличните партии на Светското првенство.

За Павард интерес покажаа и неколку други големи клубови како Барселона и Манчестер Сити, но се чини дека од таа трка на крајот победник ќе излезе Баерн Минхен, кој најмногу „загриза“ за овој десен бек.

Не е позната сумата за која Штутгарт ќе го продаде својот најдобар играч, но се шпекулира цифра од околу 40 милиони евра.