„Кабиб го погоди со удари какви што никогаш не примал, дури и Супермен некогаш во животот ќе успори“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конор МекГрегор судејќи според се би можел да остане без главниот тренер.

Џон Каванаг со кој МекГрегор работеше изминатите години смета дека Конор добил доволно удари и за негово добро не сака веќе да го спрема за мечеви.

Истакна дека МекГрегор мора да го увери за повторно да дојде до соработка.

„Мора да ме увери со цел повторно да работи заедно. Го обожавам времето кое го поминавме заедно, но ќе мора да ми даде добар одговор кога ќе го прашам зошто“, истакна Каванаг и откри за кои борби би го спремал Конор.

„Би можела да биде трета борба со Диаз, тоа ми го вети, можен е реванш со Кабиб. Сепак ако каже дека сака да се бори со некој трет, мислам дека ќе му посакал само се најдобро“, истакна Каванаг.

Причината зошто вака размислува тој е фактот што не сака Конор веќе да добива жестоки удари бидејќи доволно заработил и дека не му е потребно тоа.

„Оженет е и наскоро ќе има две деца. Нема потреба да прима веќе удари. Кабиб го погоди со удари какви што никогаш не бил погоден во кариерата, а дури и Супермен некогаш во животот ќе успори“, порача веќе сега легендарниот тренер.

МекГрегор во кариерата имаше неколку жестоки дуели и има 21 победа и четири порази.