Емери по примерот на Венгер: Познато првото засилување на Арсенал во зимскиот преоден рок…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долгогодишниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер имаше навика во клубот да донесе млади играчи, но и поприлични анонимуси.

По неговите чекори се насочи и Унаи Емери кој во текот на летото одлучи да го донесе 19-годишниот играч за врска Матео Гендузи, но младиот Французин покажа дека знае да игра фудбал и ги оправда вложените 8 милиони фунти.

Во јануарскиот преоден рок на „Емирати“ би можел да стигне уште едно помалку познато фудбалско име. Фернандо Калеро, дефанзивецот на шпански Валјадолид е блиску до Арсенал и тој би требало од стартот на 2019. година да го облече дресот на „Топчиите“.

На Емери му се неопходни засилувања во одбраната. Голем број фудбалери се повредени, па не треба да не чуди ако покрај Калеро пристигне уште некој.

Калеро инаку покрај Арсенал се поврзува и со Севиља, како и Борусија Дортмунд, а неговата цена за потенцијалните купувачи ќе биде 10 милиони фунти.