Каква БОМБА од Шпанија: Ракитиќ ја продава куќата, еве каде се сели…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Радио Каталонија носи информација дека Иван Ракитиќ би можел да ги напушти редовите на Барселона.

Не е тајна дека за услугите на хрватскиот фудбалер од порано интерес имаат голем број екипи, меѓу кои најупорен е ПСЖ, а сега како што се наведува и самиот Ракитиќ „пресече“ и сака да го напушти „Камп Ноу“.

Шпанците своите тврдења ги темелат на тоа што Ракитиќ ја продава куќата во Кастелдефелс, и ќерката ја запиша на часови по француски јазик, што секако се информации кои укажуваат дека трансферот во ПСЖ е се поблиску.

Ракитиќ со преминувањето на „Паркот на принцовите“ се поврзуваше и изминатото лето, но на крајот остана во Барселона и во изјавите нагласуваше дека тој и семејството се среќни во Шпанија. Сепак, откако по лојалноста не доби нов договор се појавија нови погодувања во интерес на францускиот клуб кој е подготвен да се откаже од платата за да го реализира трансферот.

Во договорот со Барселона, Ракитиќ има откупна клаузула од 125 милиони евра, која за Парижаните не би требала да претставува проблем. Се е така што, до Ракитиќ?!