Ќе ви го стопли срцето: Реакцијата на слеп навивач по голот на Салах го воодушеви светот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул синоќа обезбеди пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампиони, откако го совладаа Наполи со 1-0.

Херој на Ливерпул беше Мохамед Салах, кој го постигна единствениот погодок, а во финишот Наполи имаше шанса за 1-1, но Алисон Бекер направи прекрасна интервенција.

Сепак, во центар на внимание по мечот беше еден од навивачите на Ливерпул. Станува збор за слеп навивач, кој не пропушта натпревари на својот омилен клуб на „Енфилд“.

Со него беа пријателите, кои му раскажаа што се случи, а со помош на слухот успеа да ужива во фудбалот. Овој навивач е доказ дека фудбалот е повеќе од игра.