Дембеле имал интересен говор во соблекувалната на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Проблематичниот фудбалер на Барселона, Осман Дембеле го воодушеви светот синоќа против Тотнем, откако постигна фантастичен погодок.

Сепак, Дембеле се наоѓа во центар на внимание повеќе поради неговите потези надвор од теренот, отколку поради неговите магии на теренот.

Иако беше најавувано, освен парична казна, дека Французинот ќе биде избришан од екипата, сепак Дембеле заигра против Тотнем и постигна маестрален гол, па со неговата прослава покажа дека нема да прави повеќе глупости.

Шпанците денеска пишуваат дека пред почетокот на мечот одржал мал говор во соблекувалната, каде што им ветил на соиграчите дека нема повеќе да прави глупости.