Челси и Баерн Минхен го „намерачија“ Лион: Сакаат да купат голема ѕвезда!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лион ќе се обиде во јануари да продаде една од своите најголеми ѕвезди, Набил Фекир, а за него интерес покажаа Челси и Баерн Минхен.

Фекир летоска можеше да се пресели во Ливерпул, но трансферот му пропадна во последен момент, откако не ги помина медицинските прегледи.

Сепак, Фекир може да направи голем трансфер уште во јануари, а наводно Челси и Баерн Минхен ќе тргнат тогаш по неговиот потпис.

Францускиот тим ќе бара за него најмалку 60 милиони евра, а таа сума би можела да биде и поголема доколку се пресметаат и бонусите.

Фекир досега настапуваше во сениорската кариера само за Лион и во 163 одиграни натпревари постигна 61 гол.