Познати се осминафиналистите во ЛШ, откриен и најверојатниот пари!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вкупно 16 екипи се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), па сега се поделени во два шешира, каде што посебно ќе бидат првопласираните и второпласираните екипи.

Исто така, при извлекувањето на паровите, не може екипи од иста држава да играат една против друга.

Првиот шешир е составен од Борусија Дортмунд, Барселона, ПСЖ, Порто, Баерн Минхен, Манчестер сити, Реал Мадрид, Јувентус.

Вториот шешир ќе биде составен од Атлетико Мадрид, Тотнем, Ливерпул, Шалке, Ајакс, Лион, Рома, Манчестер јунајтед.

Статистичарите пресметаа дека најголема шанса има Атлетико Мадрид и Манчестер сити да играат во осминафинале и тоа изнесува 26,5%. Тоа е поради трите англиски тима, кои завршија второпласирани, а Сити е прв.

Инаку, извлекувањето е во понеделник од 12 часот.