Пукна љубовната врска поради Ривер и Бока: Марадона остана на улица, откако го исфрли неговата сопруга!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нови проблеми за легендарниот Диего Марадона, откако остана без дом, зашто вереничката Розарио Олива, која е 29 години помлада од Аргентинецот, го исфрли од дома.

Аргентинските медиуми пишуваат дека парот ја раскинал веридбата, а дека убавата жена го исфрлила Марадона од нивниот заеднички дом.

Се претпоставува дека Диего полудел по гостувањето на Олива на телевизија за која кажа дека е слободна жена. Инаку, Олива е навивачка на Ривер, а Марадона двапати играше за Бока јуниорс и таму ја заврши кариерата.