Толку си лош Јунајтед, што си и забрана за Сер Алекс Фергусон?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега, ќе каже некој, дека тој ја оставил екипата во рушевини, но ова е најдобра дефиниција за Манчестер Јунајтед оваа сезона.

Веста звучи како неверојатно, но потполно е вистинита.

Забележано е отсуството на Сер Алекс Фергусон на мечот против Фулам кој Јунајтед го доби во можеби најдобрата партија од сезоната.

Сите се прашуваа што е со легендарниот Шкот, но потоа пристигна објаснувањето.

Имено, нему докторите му забраниле му забраниле поради возбуда, или подобро кажано поради нервирање да го гледа секој меч на Јунајтед, три натпревари неделно за него се преголем стрес, со оглед на тоа дека тешко го доживува она што го гледа. За потсетување, имаше излив на крвта во мозкот во мај и мора да се штити од стрес и нервози…

Фергусон кој е познат како тврдоглав, под притисок, се претпоставува поради семејството прифатил да ги намали посетите на дуелите.

Тој патуваше и во Саутемптон, се смееше во еден момент од мака, а добро е што синоќа не беше во Валенсија. Тимот на Мурињо загуби, со оглед на тоа дека и Јувентус се избламира, можеа да пристигнат до првото место во групата.

Но, лесно беа поразени.

„Ме прашувате зошто не игра овој или оној играч, зошто не е стартер, еве го одговорот“, веднаш упати отровна стрела кон новинарите Мурињо.

„Не бевме добри, направив измени под ритисок, што е фрустрирачки бидејќи не планирав да ги уфрлам тие играчи во игра, тогаш се подобривме, но не доволно“, додаде Мурињо.

Тој ги замени Фред, Лукаку и Рохо, а на теренот ги испрати Лингард, Рашфорд и Јанг кои ќе го стартуваат мечот против Ливерпул викендов.