Нови проблеми во Манчестер: Мурињо ги налути фудбалерите на Јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата година не успеа во намерата, но сезонава тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ќе го оствари планот, кој дефинитивно не им се допадна на фудбалерите.

Англиските медиуми пишуваат дека Мурињо закажа тренинг во 17 часот на Божиќ по што ќе следува заедничка вечера, а тоа значи никој нема да добие слободен ден.

Не е ова првпат фудбалерите на Јунајтед да тренираат за Божиќ, но никогаш не се случило тоа попладне, туку Алекс Фергусон вообичаено тоа го правеше наутро.

Португалецот и минатата сезона се обиде да го направи тоа, но управата го спречи, сепак овојпат не можеше да му го направи тоа, посебно поради катастрофалните резултати сезонава.