Навивач на Наполи нападнат и повреден во Ливерпул: Мислев дека умирам (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивач на Наполи заработи повреда по мечот на италијанскиот клуб против Ливерпул во последното коло од групната фаза во ЛШ.

Според неговите зборови во разговор за Кориере дел Мезогирно, 24-годишник бил окружен од седуммина навивачи на Ливерпул кои го нападнале. Се здобил со фрактура на јагодичната коска, а исто така има проблем со очната шуплина. По нападот, се обидел да побара помош од луѓето на улица, но никој во автомобилите не сакал да застане и да му помогне на повредениот Италијанец.

Потоа го пронашле двајца пријатели и по 10 минути успеале да пронајдат превоз до болница каде бил опериран.

„Мислев дека ќе умрам“, истакна нападнатото момче кое на мечот во Англија дошол за да ја прослави одбраната на дипломата.

Напаѓачите се уште не де индетификувани, а локалната полиција ги замоли сведоците кои го виделе инцидентот да се јават во станица.