Марсеј ја соопшти цената за својата ѕвезда – Челси и Интер се на потег!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маурицио Сари сака да го засили Челси во јануари, па една од неговите желби настапува во Франција, односно во Марсеј.

Станува збор за Флоријан Туван, кој еден од најдобрите фудбалери на Марсеј во Лига 1. Фантастичниот фудбалер воодушевува од сезона во сезона, па не е чудно што го сакаат екипи како Челси, Интер и Баерн Минхен.

Туван имаше една лоша авантура во Њукасл, кој во 2015 година го купи за 15 милиони фунти, но потоа го врати во Марсеј, кој сега за него бара 60 милиони евра.

Минатата сезона со 26 погодоци им помогна на своите соиграчи да стигнат до финале на Лига Европа, а сезонава продолжи во ист стил, односно постигна 12 гола во 17 натпревари.

Интер го следи овој фудбалер од 2013 година, но досега не успеаа да го ангажираат. Сепак, Челси е фаворит за неговиот потпис и ќе видиме дали ќе го ангажираат во јануари.