Челси ќе го искористи Зола и ќе донесе еден од најдобрите млади италијански фудбалери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Челси се надеваат дека ќе ги обезбедат услугите на играчот од средниот ред на Каљари, Николо Барела.

„Лунионе Сарда“ пренесува дека „сините“ од Лондон планираат да платат 40 милиони фунти за 21 годишниот фудбалер. Медиумот пишува дека Челси се надева на помош од асистентот на Сари и легенда на клубот, Џафранко Зола кој има одлични релации со играчот.

За Николо Барела кој годинава има 14 настапи во Серија А на кои постигнал еден погодок, а сериозен интерес за него има и од редовите на Атлетико Мадрид.