„Кога го гледам Погба, имам чуство дека се работи за играч кој тек учи да игра фудбал“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец е во многу слаба форма оваа сезона, па понекогаш ги започнува натпреварите од клупата за резерви, а кога игра не е ниту сенка на играчот кој беше фантастичен во редовите на Јувентс.

Легендарнот англиски напаѓач Мајкл Овен смета дека начинот на кој Мурињо го води Манчестер Јунајтед не одговара на стилот на игра на Погба и поради тоа не може да покаже колку е тој добар.

„Според мене Погба би можел да биде врвен играч во одреден тим на одреден начин. Ме нервира тоа што го гледам секоја седмица бидејќи знам дека е многу подобар. Малку и го сожалувам бидејќи начинот на кој тимот игра и начинот на кој тренерот го води тимот не прават да го извлечат најдоброто од него“, рече Овен и додаде:

„Верувам дека тренерот мора да превземе одговорност и тоа поради системот на игра кој го форсира. Кога го гледате погба, имате чуство дека се работи за некој 16 или 17 годишник кој сеуште учи како да игра фудбал. Да игра кај Гвардиола или Клоп мислам дека би бил еден од најдобрите играчи во светот, но во овој момент не можеме да го кажеме тоа за него“.