Кариус се појави во Глазгов: Голманот на Селтик направи идентична грешка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот голман на Селтик, Грег Гордон буквално го повтори големиот кикс на Лорис Кариус во минатогодишното финале во Лигата на шампионите.

Сигурно се сеќавате кога германскиот голман со рака ја спушти топката на ногата на Карим Бензема, со што Французинот погоди за водство на Реал, а вечерва тоа му се случи на Гордон.

Се играше 78. минута и Салзбург на овој начин дојде до водство од 2-0, а Гордон стана трагирач во својот тим.