Алегри: Роналдо ќе пропушти еден од наредните три натпревари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Макс Алегри изјави дека оваа година е завршена за Канцело и дека Роналдо ќе пропушти еден од наредните натпревари против Рома, Аталанта и Сампдорија.

„Кансело утрово го повреди менискусот на коленото, па ќе има операција вечерва или утре, а негово враќање на терените се очекува после зимската пауза. Квадрадо има проблеми со коленото, така да треба да одлучиме дали на него му е потребна операција или не. Од друга страна, Емре Чан се враќа на терен, а наредната седмица ќе биде спремен и Кедира“, рече тренерот на Јуве на прес конференцијата.

Торино е следен противник на Јуве. Има изгубено само три натпревари оваа сезона во лигата, а во последното коло одигра 0-0 на гостувањето кај Милан.

„Утре имаме тешка средба, па треба да ја најдеме вистинската енергија за да оствариме добар резултат против Торино. Еден од наредните натпревари против Рома, Аталанта или Сампдорија ќе пропушти и Кристијано Роналдо. Сепак одиме чекор по чекор. Ќе пробаме да ја одржиме предноста која ја стекнавме досега. Имаме за играње уште 19 натпревари. што значи многу бодови за освојување. Во меѓувреме нашата цел во оваа сезона ја остваривме, прво место во групната фаза од ЛШ и квалификации во нокаут фазата“, рече Алегри.

Средбата против Торино е утре со почеток од 20.30 часот.