Нов малер за „росонерите“: Ограбен претседателот на Милан


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на Милан, Паоло Скарони денеска бил ограбен, односно му била украдена актовка со 10.000 евра.

Италијанските медиуми пишуваат дека Скарони бил сред состанок кога крадецот ја отворил задната врата од автомобилот и ја земал актовката.

Возачот потоа се обидел да го фати криминалецот, но жена, веројатно соучесник, го блокирала патот и крадецот избегал.

Подоцна актовката била пронајдена, но само со документи на Скараони, а парите ги немало никаде.

Така на претседателот на Милан му се случи уште еден тежок ден, откако вчера беше елиминиран Милан од Лига Европа.