Во недела ќе стартува против Манчестер Јунајтед, но во јануари дефинитивно ќе си замине од Ливерпул


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од фудбалерите кои пред неколку години пристигна како големо засилување во Ливерпул, Натаниел Клајн веројатно уште во јануари ќе си замине од клубот.

Интересно е што поранешниот англиски репрезентативец ќе биде прв избор за Клоп на неделното дерби против Манчестер Јунајтед поради проблемите кои ги има Германецот со играчите во одбраната.

Сепак, тоа би требало да биде и еден од последните натпревари за десниот бек затоа што во јануари тој веројатно ќе се пресели во редовите на Кардиф. Дека постои интерес повтори и менаџерот на клубот од Велс, Нил Ворнок.

„Да. Го знам Натаниел, јас му го дадов неговиот деби натпревар, тој е одлично момче, а јас ја познавам и неговата мајка која е прекрасна жена“- коментираше Ворнок.