Клоп ги негираше шпекулациите: Еве што планира Ливерпул во јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги негираше шпекулациите дека клубот ќе носи играч во јануари како замена за повредените фудбалери во одбраната.

Германецот потврди дека нема да купува фудбалери во зимскиот преоден рок и покрај тоа што е без услугите на Александер Арнолд, Жоел Матип и Џо Гомез.

„Нашата ситуација е следна: доколку ме прашавте пред две недели дали ќе купуваме во јануари, ќе ви кажев дека тоа нема да се случи. Сега имаме само два фит центар халфа. Дали ќе сториме нешто? Не би рекол, затоа што повредените фудбалери нема да отсуствуваат долго“ коментираше Клоп.