Падна првиот отказ: Некој кај Бока мораше да ја плати цената за неуспехот во Суперкласико!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Бока јуниорс останаа без титула во Копа Либертадорес и тоа со пораз од Ривер плејт во Суперкласико.

Речиси еден месец траеше драмата за мечот, но на крајот беше јасно дека мораше да биде одигран и дека ќе има последици.

Бока соопшти дека се разделува од досегашниот тренер Гилјермо Барос.

„Најдобро за Бока ќе биде да тргне со промени во новата година. Ќе бараме ново решение за тренерската позиција“, кажа Даниел Ангеличи.