Модриќ ја отвори душата: Роналдо и Меси не испаднаа фер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во разговори за регионалните медиуми, Лука Модриќ кажа што имаше на душа за Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Модриќ смета дека не биле фер бидејќи и двајцата го откажаа своето доаѓање на церемонијата кога разбраа дека не се победници.

Модриќ ја доби „Златната топка“ на почетокот на декември, а ниту Роналдо, ниту Меси не дојдоа на свеченото доделување.

„Испаѓа дека тие избори и трофеи имаат важност само кога тие ќе ги освојат. Не е фер, ниту кон фудбалерите, ниту кон гласачите кои десет години ги прогласуваа за најдобри“, кажа Модриќ.