Милан нема да го откупи Игуаин, кој сака да се пресели во Англија?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Милан нема да ја искористи опцијата за да го откупи Гонзало Игуаин од Јувентус, кој летоска замина на позајмица вредна 18 милиони евра, а „росонерите“ може да го откупат за дополнителни 36 милиони.

Цената која Милан мораше да ја плати за откуп на договорот на Игуаин изгледа многу висока, а по вестите за последните УЕФА санкции за „росонерите“, очигледно нема шанси Аргентинецот и наредната сезонад а го носи црвено-црниот дрес.

УЕФА блокираше 12 милиони евра од приходите на Милан од настапот во Лига Европа, па „росонерите“ мора да користат и екипа од 21 фудбалер за наредната сезона.

Поради тоа Милан не е заинтересиран да потроши многу пари за фудбалер, кој месецов наполнил 31 година, а некои италијански медиуми како „Рај Спорт“ пишуваат дека позајмицата би можела да биде прекината, ако Милан не може да му дава плата.

Доколку тоа се случи, тогаш Игуаин, наводно, би се преселил во Челси, каде што ќе работи со поранешниот тренер Маурицио Сари.