Челси решението за напаѓачката позиција го пронајде во тим од Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека од таборот на Челси во јануарскиот преоден рок планираат да го донесат фудбалерот на Борнмут кој игра во извонредна форма, Калум Вилсон.

Напаѓачот со своите одлични настапи во Премиер лигата си заработи место и во репрезентацијата на Англија, а „Дејли Експрес“ пишува дека Сари со 30 милиони фунти ќе се обиде да го убеди Борнмут да го пушти на „Стемфорд Бриџ“.

26 годишниот напаѓач досега има постигнато осум погодоци во дресот на „црешите“, додека Алваро Мората и Оливие Жиру имаат вкупно шест погодоци.