Романците се хит во светот: Погледнете како го исчистија снегот за помалку од десет минути (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека во регионот се одложуваат натпревари поради обилните врнежи од снег, тоа не е случај во првенството во Романија.

Имено, пред натпреварот помеѓу Конкордија и Поли Јаши домаќините на оригинален начин го исчистија снегот и не дозволија натпреварот да биде одложен.

Потребен беше само еден пикап на кој беше закачена специјална четка како чистач за снегот. Работата беше завршена за помалку од десет минути, па натпреварот се одигра без поголеми проблеми.

Единствен проблем за домаќините беше резултатот, затоа што со 6:3 беа поразени од тимот на Поли Јаши.