Роналдо играше девет години во Мадрид, а денес таму има само еден пријател!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо во Реал Мадрид помина девет години, но таму сега повеќе нема многу пријатели.

Роналдо освои голем број трофеи со Реал, па беше заштитен знак на „кралевите“ со години, но замина на наславен начин по девет години.

Ако може да ѝ се верува на шпанска „Марка“, тогаш Роналдо во Мадрид има само еден пријател, односно тоа е Марсело.

Навивачите не може да поверуваат дека Роналдо изгубил контакт со сите, освен со Бразилецот, за кој имаше шпекулации дека постои можност да се пресели во Јувентус.

„Роналдо од заминувањето во Јувентус не се слушнал, ниту разменил пораки со ниту еден поранешен фудбалер. Тие не му простија за начинот на кој заминал. Само Марсело е со него“, пишува „Марка“.