Лејкерс со шампионска игра, Џејмс и Бол направија нешто што им успеало на Џабар и Џонсон (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни многу квалитетни натпревари во НБА-лига, а ноќта ја одбележа Леброн Џејмс од Лос Анџелес лејкерс.

Од 1982 година Лејкерс нема тандем, кој во историјата во ист меч стигнал до трипл-дабл, а вчерва тоа им успеа на Џејмс и Лонцо Бол.

„Кралот“ стигна до нов трипл-дабл, откако постигна 24 поени, 11 асистенции и 12 скокови во триумфот против Шарлот од 128-100.

Неговиот соиграч Бол исто така имаше трипл-дабл, откако постигна 16 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Двајцата кошаркари станаа прв тандем на Лејкерс, кој стигнал до трипл-дабл уште од Карим Абдул-Џабар и Меџик Џонсон во 1982 година.