Канело на чуден начин го нокаутираше Филдинг и ја освои ВБА-титулата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мексиканецот Саул Канело Алварез синоќа запиша триумф против Роки Филдинг во „Медисон Сквер Гарден“.

Алварез доминираше во Њујорк против британскиот боксер, па на крајот во третата рунда со нокаут ја заврши борбата.

Двапати Филдинг успеа да се врати во борбата, но третиот пат му немаше спас, па Канело заслужено триумфираше.

Инаку, ова за Канело беше 51. триумф во кариерата.