Новиот стадион на Тотнем ги фасцинира навивачите (ФОТО+ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот стадион на Тотнем требаше да биде завршен пред почетокот на сезонава, но градежните работи се одложија, па отворањето ќе биде на почетокот на наредната година.

Тотнем на местото на стариот „Вајт Харт Лејн“ реши да направи поголем и помодерен стадион, но плановите на изградба не одеа како што се очекуваше. Отворањето се очекуваше уште во август годинава, но поради продолжениет работи тие мораа да најдат нов термин.

Иако се шпекулираше дека фудбалерите на Тотнем на новиот стадион би можеле да заиграат до крајот на годината сега е јасно дека тоа нема да се случи.

На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии од стадионот, кои ги воодушевија многумина. Внатрешноста на новиот стадион изгледа неверојатно. Дебито на новиот стадион Тотнем ќе го има најверојатно на 13 јануари во дербито против Манчестер јунајтед.